Без разлика дали работите од дома или ви е потребен простор во домот каде ќе можете на мира да ги извршувате обврските, секако дека убаво би било доколку имате домашна мини канцеларија или еден мал дел посветен на ваквите задачи. Ние ви претставуваме неколку инспиративни идеи за подобра организација и поголема продуктивност. Најважните елементи при уредувањето на ваков простор се биро или масичка за пишување, убав и удобен стол и шкафче или фиоки за подобра прегледност. Сè останато е оставено на вашите потреби и вашата креативност. Инспирирајте се и одберете си омилено работно катче за домот од фотографиите во продолжение.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИднината на модата| Што да се очекува во 2016!
Следна објава#JesuisBruxelles | Плачот на уметниците за Брисел
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ