Olivier Rousteing дизајнерот на Balmain, се погрижи и овој пат на неговата презентација на колекцијата за есен/зима 2016. на париската модна недела да ги ангажира супермоделите кои чекореа пред многу познати лица во публиката.

prva-4

Kendall Jenner спектакулно ја отвори и затвори модната ревија од есенската колекција за 2016. година од која застанува здивот, а во прекрасните фустани во викторијанскиот стил, прошета и нејзината најдобра пријателка супермоделката –Gigi Hadid. Двете носеа перики, Kendall руса, a Gigi кафена – па така на ден ги сменија боите на своите прави коси.
prva2-3 (1)

Сем ова популарно дуо, ревијата ја носеа и Joan Smalls, Karlie Kloss, Rosie Huntington-Whiteley, Josephine Skriver, Alessandra Ambrosio и бројни други супермодели!

prva8

Брусена кожа, затегнати корсетирани половини, нагласени рамена и чизми над колена – се само некои од трендовите кои Balmain ги предлага за следната сезона. Како и секогаш, се се врти околу текстурата и украсите – ресите, волани, чипка – тоа е мотото на Balmain!

prva12

Земајќи одмор од пастелните бои и свтлосините тонови, дизајнерот подоцна прикажа модели на графички стилови во црна, бела и златна варијанта. Фустани со отворени рамена и силни линии, покриени со златни украси.
prva14
prva15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH&M ја претстави најновата колекција есен-зима 2016/17
Следна објаваПатување низ италијанската кујна – Ferrara Foodie
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ