Гледајќи ги ревиите од модната недела во Милано есен/зима 2016., јасно е дека 4 трендови беа присатни на сите шест денови на модната недела. Италијанските модни брендови како Pradа, Dolce & Gabbanа, Fendi и многу други, беа главни кога зборуваме за statement стиловите и прекрасните дизајни.

Од крзна со линии па се до волуменозни ракави…..во текстот подоле дознајте кои 4 трендови ќе се носат следната есен и зима….

Крзна со линии

Шареното крзно го видовме на модните писти во Њујорк, но на миланската модна недела трендот на крзното е доведен на ново ниво. Дизајнерите користеле силни линии, вертикални и хоризонтални, па дури и во таласи како би направиле нова димензија.

prva-1

Волуменозни ракави

Уште еден тренд што го прифатија миланските дизајнери за есен 2016. се нагласените ракави. Од долгите, викторијански ракави па се до ренесансната ера, волуменозните ракави ќе се носат следната сезона.
prva2-1

Ултра долги шалови

Има ли подобар моден додаток за зимата од шалот? Неколку дизајнери на миланската модна недела имаа иста идеја со долгите шалови кои паѓаат до подот. Од модели со реси па се до големи плетени парчиња – постојат извонредно многу опции за есента 2016. година.

prva3-1

Ракавици со стил

Последниот тренд од миланската модна недела е уште еден моден детаљ – ракавици! За есен 2016., италијанаските модни брендови понудија своја верзија на ракавици со прозирни и украсени модели, без прсти.

prva4-1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУлтра женствена и гламурозна колекција на Dior!
Следна објаваПорцелан со ликови од литературата и филмот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР