Франсускиот дизајнер Gilles Belley неодамна дизајнираше систем на мебел наречен ROOMS, кој го развива односот помеѓу домашните активности, создавајќи простори за живот и работа, од мебелот кој тој го креира. Колекцијата „ROOMS“ се состои од три различни објекти: „AREA“, „BLOCK“ и „WALL“. „AREA“ е објект, односно мебел кој може внатре во простотијата да направи подпросторија која наликува на затворена книжара, додека „WALL“ како што и самото име кажува, sид кој совршено креира работен простор.

img-2-1453197135-ee880a7f1337d1fa3ce9df8474e1dd24

img-8-1453197135-79dae4f50c877f0bb17757c7a95b8f22

img-7-1453197135-2d1802fccdba3332543ff088d55319e5

img-3-1453197135-20f2359a3ef4943f48a176cd886d3750

Нас, посебно не интересира мебелот „BLOCK“, односно најмалата функционална спална соба со сите потребни елементи – од кревет, плакар,отворени полици, скали, па се до работната маса. Секој од споментите парчиња мебел, па така и „BLOCK“ на свој начин формираат простор и така го создаваат, делат и оградуваат. Секој се состои од модули кои се прилагодуваат на одредена организација на просторот.

img-5-1453197135-e1ebbee0add6c2198f74412f82fe04b0

img-4-1453197135-172c6f0806f1ef8bc6e1686e202cd9d3

1-42

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролет на улиците во светот
Следна објаваДневни соби со жолти детали
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ