ОВЕН

Работа – Во почетокот на оваа недела, бидете внимателни во јавните настапи, бидејќи сте под силен стрес. Вие сакате да доминирате и да го наметнувате вашето мислење и став, кое воглавно ви носи успех. Но сепак, може да се случи да имате отпор, од страна на другите колеги со поинаков став. Ви претстојат паралелни деловни договори, патувања, многу конткати доколку се занимавате со трговија, интелектуална работа или со пишување.

Љубов – Во љубовта сте страствени и љубоморни.

Здравје – Внимавајте на своето здравје, посебно на репродуктивните органи.

БИК

Работа – Венера како ваш владетел делува на полето на љубовта и бракот, а тоа ветува и успех во социјалниот и деловен свет. Ја чувствувате одличната енергија од деловните партнери но и од брачниот партнер. Ќе имате интересни средби, нови деловни аранжмани, посебно со жени. Ова е иделано доколку се занимавате со креативна работа, убавина, мода, забава и уметност.

Љубов – Ова е период на платонски љубови, мечтаења и заљубувања.

Здравје – Повозрасните претставници на овој знак, да внимаваат на настинки, хронични здравствени проблеми, но со здравата храна и прошетките ќе го решат тој проблем.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Со оглед на тоа дека Венера е во вашето поле на рутински деловни работи, можете да очекувате исклучително убави средби и одлична комуникација со колегите, но и со претпоставените. Ја чувствувате довербата од другите, а можеби некој е исклучително е доброчинител кон вас, што и самите го чувствувате. Тоа може да биде сигнал не само за напредување во кариерата, туку и за нова емотивна врска. Ќе започнете со некоја нова иницијатива или со важни деловни договори.

Љубов – Внимавајте на својот изглед, имиџ и ништо не оставајте на случајноста, бидејќи некој будно ве надгледува.

Здравје – Престанете да се прејадувате, помалку месо.

РАК

Работа – Акцентот е на фамилијарните односи, брачни, како и на приватниот деловен план. Меркур делува на вашето поле на јавноста и пертнерството, така да сте упатени кон повеќе деловните контакти. Можете да почнете со нови пеоекти или пак ќе одите на пат со блиска личност. Се уште се свртени кон недвижности, се што се однесува на реновирање, уредување на домот, куќа или стан.

Љубов – Пријатен ви е секој момент во друштво со децата а сега сте и во ситуација да им подарите многу повеќе внимание и време. Добар период за љубов, нови запознавања и пријатно време со драгата личност.

Здравје – добро

ЛАВ

Работа – Многу сте активни, и на некој начин место не ве држи. Внимавајте на здравјето и како се однесувате во сообраќајот. Од една страна сте нервозни, нтрпеливи, затоа што не ги добивате вестите кои силно ги очекувате….Од друга страна, наоѓате задоволство во својот дом, помеѓу тие кои ги сакате и кои најдобро ве разбираат. Помалку сте во расчекор со средината, посебно со роднините и пријателите кои ве изневерија.

Љубов – За вас е битно да се согласувате со тие, кои се на иста таласна должина со вас , а тука е брачниот партнер, кој е секогаш покрај вас.

Здравје – Прошетките не ги изоставувајте. Повеќе здрава храна. Пици помалку.

ДЕВИЦА

Работа – Вашиот владетел Меркур, делува успешно на деловното поле и на полето на љубовта. Тоа е полето кое е интересно за сите кои имаат приватни агенции, салони, фитнес клубови, бутици, игротеки и слично. Ќе имате успех со брза заработувачка, нови деловни договори и аранжмани. Ви следи успех на полето на образованието, учењето и работа со деца. Сепак, внимението е кон убавите работи, задоволства во дружења, кратки патувања и контакти со блиски роднини.

Љубов – Доколку сте слободби, ова е период кога можете ненадејно да се заљубите во некој, во друг град или преку блиски роднини.

Здравје – Расположени сте па тоа влијае и на здравјето.

ВАГА

Работа – Одличен период за финансии и заработувачка. Лесно доаѓате до пари, посебно ако работите работа што ја сакате. Венера ги фаворизира приходите од уметност, музика, менекенство, козметички салони, но и од слаткарници или работа врзана за храна и хотелиерство. Се што е врзано за јавен живот, сега е во прв план, а често се преплетуваат јавниот и приватиот живот. Многу сте врзани за брачниот или деловниот партнер, еден без друг не функционирате.

Љубов – Слободните ваги – ова е период на љубов на прв поглед или страствени средби

Здравје – Во добра сте форма, продожете да внимавате на храната и вежбањето.

ШКОРПИЈА

Работа – Од неодамна, планетата на задоволство и љубов во вашиот знак, носи подобро расположение. Тоа ќе се одрази и на работното поле. Ќе добиете долго очекувана деловна вест или ви се исполнува планот за патување. Ви претстојат контакти со роднините или заеднички договори.

Љубов – Весели сте, среќни, убаво изгледате и повеќе внимание му придавате на надворешниот изглед. Лесно го привлекувате вниманието на другите, посебно од спротивниот пол, а со шармот многу проблеми ги средувате. Лесно воспоставувате добри односи во љубовта, било да е тоа брак, стабилна врска или почеток на некоја романса.

Здравје – Стомачните проблеми и нервози звршија. Сега сте среќни.

СТРЕЛЕЦ

Работа –  Искористете ја шансата и превземете иницијатива. Овој аспект ве прави идеалист, борец за правда, филозофски настроени, што најмногу влијае на оние, кои имаат влијание на јавното мислење. Ве интересира подобар живот, комфор, слобода, патувања, проширување на видиците, а сега ја имате шансата нешто и да започнете на таа тема. Ви претстојат приходи од поситни деловни работи или повеќе мали добитоци.

Љубов – Во љубовта сте таинствени или сте во тајна врска. На некој начин го чувате својот интимен живот од погледите на другите и уживате на тивок начин.

Здравје – Ослабнавте, сега продолжете да ја одржувате таа килажа со долги прошеки.

ЈАРЕЦ

Работа – Комуникативни сте и тоа ви носи мноштво од деловни средби, разговори, патувања и движење. Многу од јарците се занимаваат со пишување, предавање, преговори, трговија и комерцијални работи. Полно нови информации, размена на мислења, посебно со моќни луѓе. Свесни сте за своите цели и сега ги покажувате сите свои таленти и способности за да дојдете до нив. Одлишен период за добитоци.

Љубов – Ангажирани сте на работа, па сепак наоѓате време за дружење и пријателски средби. Ви претстои љубов преку едно пријателство.

Здравје – По настинките сега се средувате и се оди на подобро.

ВОДОЛИЈА

Работа – Добар деловен период или за некои напредување во кариерата. Уживате во тоа што го работите и тоа другите го забележуваат. Воспоставувате многу нови контакти, посебно со жени. Ви одат од рака работите кои се врзани со јавно мислење. Вие сте во знаците кои никогаш не мируваат и кои секогаш во нешто се сомневаат, така да, непотребно ќе се грижите околу некои ситници. Сакате се да држите под контрола, за вас, долготрајните планови се нешто што е од приоритетно значение.

Љубов – Ви претстои нова љубов преку деловни контакти и соработка.

Здравје – Добро

РИБИ

Работа – Се спремате за тимска работа со пријателите, кои ви помагаат да ги исполните своите деловни планови. Ги сакате групните програми, се што вклучува поголем број на луѓе. Ви претстои добар финансиски период, очекувајте поголеми приходи и добитоци. Имате успех во учењето, на факултет и во образованието. Ако планирате селење во странство, ова е вистински период тоа да го направите, а во тоа може да ви помогне пријател или некој кој таму живее.

Љубов – Доколку сте во стабилна и долга емотивна врска, размислувајте за заеднички живот и брак. Останатите, ви претстои љубовна романса, доколку патувате.

Здравје – Внимавајте на коските, вежбајте и пешачете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова година во виолетово
Следна објаваНајубавите градови за дочек на Нова Година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР