На 23 Ноември, SPEAKEASY беше вистинската локација каде бармените од Македонија беа почестени со нови искуства од страна на виртуозите зад барот, Аристотелис Пападопулос и Никос Арсланоглу, користејќи ги пијалоците на Diageo.

Благодарение на Гемак Трејд, како главен импортер и дистрибутер на лидерите во алкохолни пијалаци во светот како што се Johnnie Walker, Smirnoff, Gordons, Captain Morgan, Ј&B, Baileys и Ciroc веќе неколку години се одржуваат ваков тип на семинари, поради тоа што генерално имаме потреба да ја разбудиме бар сцената, да бидеме поиновативни и да ја привлекуваме публиката во македонските барови. Темите беа различни, водени според последните светски трендови, користејќи виски, водка, а целта беше да се поттикнат македонските бармени да бидат иновативни позади сопствениот бар. Би рекол дека станува збор за спектакл поради тоа што самиот перформанс не може да се опише, мора да се доживее. – изјави претседателот на Здружението на Бармени на Македонија, Дарко Ангелески.

Патувајќи низ светот, откривајќи ги новите вкусови, мириси а и откривајќи ги лицата со кои што соработуваме, успеваме на сопствен начин постојано публиката да ја држиме во неизвесност, што со самиот перформанс, што со миксологијата на вкусови кои можат одеднаш да ви создадат патување низ четири сезони како што беше случај денес. Ова е цела наука, ќе ја учиме и ние додека сме живи. – изјави Аристотелис Пападопулос од Soul Shakers.

Се грижиме за македонската бар сцена, успеваме да донесеме премиум брендови кои нудат вистинско искуство кај публиката. Ваквите настани кои се дел од нашето портфолио само можат да придонесат повеќе за професионализмот кој мора да го покаже еден бармен, нормално покрај техничките способности, ова можеме да го наречеме унапредување на soft skills. – изјави Радмила Павловска, маркетинг директор во Гемак Трејд.

На настанот беа поканети и присуствуваа 35 бармени од повеќе градови низ Македонија. На обострано задоволство земаа учество на овој настан, го проследија со голем интерес, при што ја препознаа придобивката од ваква обука и ја нагласија потребата од повеќе вакви настани. На крајот на учесниците им беа доделени сертификати за учество

NIK_9774 NIK_9797

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВештачко крзно во боја – апсолуен хит за оваа сезона
Следна објаваНевидлива куќа
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ