-13-Colors-High-Quality-100-Wool-Fashion-New-Vintage-Women-Ladies-Floppy-Wide-Brim-WoolШеширот, секако е симбол кој ја одсликува една дама и е важен аксесоар кој  треба да се има во својот гардеробер. Тој е фантастичен моден детал кој ќе го надополни вашиот имиџ. Најважен момент во ова се е да го одберете моделот кој вам најмногу ви одговара. Во продолжение ви претставуваме неколку модели на шешири!!

1. Шешир со широк обод, Брановидна коса

Ако најчесто ја носите вашата фризура пуштена и брановидна овој вид на шешир е вистински избор за вас. Шеширот со широк обод е многу популарен оваа сезона, а секако можете да најдете соодветен модел за себе си ширум нашите продавници.

12243108_506368202875130_2083962721697770781_n

2. Шешир со тесен обод, паж фризура

Ако ја носите “симпатичната”-(Паж) фризура овој вид на шешир е несомнено вашиот вистински избор. Ако сакате да бидете забележани ви препорачуваме да избрете за себе токму ваква форма на шешир.

Women-2012-spring-and-autumn-winter-100-wool-fashion-stereo-flower-vintage-dome-fedora-hats

3. Федора

Федора шеширите беа несомнено многу популарни ова лето. Добрата вест е тоа што тие ќе бидат модерни и зимската сезона, секако изработени од подебели материјали. На овој вид на шешир најмогу му прилегаат опуштени фризури или можеби убава плаетенка или мала пунџа.

1250224_fpx

4. Ретро шешир, кратка или средна должина на коса

За фановите на ретро-романтичните капи и шешири добрата вест е што истите ќе бидат во тренд претстоечката зимска сезона. Поради својата структура тие најповеќе одговараат со куса или средна должина на коса. На тој начин ќе го задржите балансот и вашето лицеќе остане во фокусот.

felthatpn

5. Качкети

Се чини дека качкетот и никогаш не излегува од мода. Тој дава единствен шарм и лежерност и е незаменлив ако го сакате опучтениот стил. Најдобро прилега со т.н “Боб” фризури.

furazci

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР