H&M со новогодишната кампања 2015, ја најави најголемата прослава во чест на деновите и празниците кои доаѓаат. Katy во рекламите снимени за телевизијата, кината и интернетот, се појавува како самовила, која оживува цел ред волшебни ликови. Дествието се одвива бргу, а кадровите во кои Кети се појавува, имат посебен шарм со песната Every Day Is A Holiday, која Katy ја напиша специјално за рекламата, а ја продуцираше Duke Dumont.
“Лудо се забавував снимајќи ја оваа реклама со Jonas Åkerlund, и целата таа облека, посебно со мојата омилена Elfie Selfie јакна. H&M е дел од еволуцијата на мојот личен стил уште од времето кога имав 13 години, кога гардероберот ми беше полн со модните артикли од H&M. Со нетрпение очекувам и вие да ја внесете во вашиот гардеробер искрата, на оваа новогодишна колекција ,” кажа Katy Perry.
Целата кампања ќе биде пуштена на 23. ноември во сите кина, телевизии и интернет.