Сонот на секоја жена, е да има еден цел плакар, посветен само за чевли – нешто во стилот на Кери Бредшо, зарем не? Верувајте, ве разбираме. Но,  да бидеме целосно искрени, тоа е сосема непотребно! Нема потреба да се живее со толку многу пара чевли – особено кога за модерен, стилски, личен стил потребно се само 5 од нив …
Прочитајте подолу, кои чевли ги ставивме во плакарот, а и вие истотака, можете да го изградите својот минималистички, совршен стил. И не грижете се – сите наведени подолу модели на чевли, ќе одговараат со апсолутно се што е во вашиот плакар.
Црни салонки
Невозможно е да се оди низ животот без класичните црни салонки. Тие имаат посебен шарм и силуета, која одговара на апсолутно се што носиме – било да се фармерки и маица или со костим за работа.

pumps
2. Бели патики
Секоја жена треба да има еден пар на удобни патики за еден лежерен или спортски викенд.  Нам ни  се допаѓа идејата за чисти бели патики, бидејќи тие изгледаат кежуал – но во истовремено изгледаат софистицирано, кога се комбинираат со фини парчиња од гардеробата.
tene

3. Сандали на штикла
Ако одите на формален настан, но не сакате да облечете црни салонки – елегантните сандали на пета се вашето клучно парче! Ако изберете пар на неутрални бои – ќе одговараат на се!

sandale

4. Чизмички до глужд
Замислете си  зимска сезона без добри чизми. Невозможно. Затоа, елегантен пар на чизми до глужд, се од клучно значење за гардеробата на секоја жена. Што е најдобро? – Истиот пар кој ќе го носите целата есен и зима, ќе изгледаат одлично во пролет и лето, ако ги комбинирате со кратки панталони или здолништа.

glez

5. Рамни сандали
Ако вашите патики нема да ви одговараат на одреден ден (на пример, високи температури), ќе ви треба еден пар на едноставни сандали, кој веднаш штом ќе ги облечете, заминувате на прошетка и кафе!

flat

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНекогаш и сега | Christian Carollo
Следна објаваЕволуција | Time, Vogue & Cosmopolitan
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ