11178437_10152981055564064_1632753658_n

Познатата македонска дизајнерка Ирина Тошева, која е препознатлива по тоа што на своите ревии секогаш користи македонска музика, отсега ќе креира за момците од групата НОКАУТ.

“Бендовите кај нас често го занемаруваат целосниот стајлинг кој е екстремно важен при градењето на визуелна слика кај публиката. Ме радува довербата дадена од Нокаут и се надевам на долга и успешна соработка”, нагласува Тошева.

Оваа соработка претставува интересен предизвик за Ирина, пред сè затоа што ова е нејзина прва соработка од ваков вид со музичари, но и затоа што таа ќе мора да се погрижи за изгледот на дури 7 музичари.

“Со нетрпение очекувам да видам како преку креациите Ирина го доживува НОКАУТ. Се надевам дека во нас и нашата музика има доволно инспирација за неа. Ова е предизвик и за нас самите, бидејќи за прв пат некој моден креатор дизајнира специјално за НОКАУТ. Имам доверба во Ирина и сигурен сум дека таа совршено ќе ја надополни нашата музичка приказна”, ја најавува соработката фронтменот на НОКАУТ, Никола Перевски.

Ирина Тошева периодов е актуелна со нејзината 12-та колекција “Енхалон”, со која учествуваше на последниот Моден викенд во Скопје. Воедно таа беше и првиот македонски дизајнер која неодамна претстави своја колекција на Модната недела во Љубљана.

Што се однесува до НОКАУТ, тие напоредно работат на неколку проекти, од кои како највозбудлив се издвојува снимањето на четвртиот албум. Момците се веќе во студио и многу наскоро ќе промовираат нов сингл.
11178660_10152981055529064_276184695_n

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Enter Sandman” отсвирена на бенџо
Следна објава15 годишнината од издавањето на албумот Сафизам
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ