Што е потребно да се стане писател?
Дали предуслов е да се издаде книга, промотивно да се препорача истата и да се чека на реакција од читателите?

Што е потребно да се биде писател?
Дали влегуваат во игра карактерни линии, искуство кое подразбира нос затрупан во книги, бујна имагинација или се’ тоа – ставено на вага? Дали е потребно себеси да се постави прашањето
Кој сум јас за да ја напишам оваа книга?“?

2.2

Ја прашавме писателката Марија Јова, името кое стои на корицата на „Сети се да ме заборавиш“ за некои навидум, обични работи кои се поставени дискретно да создадат една кратка, прецизна слика дали писателот се раѓа или писател се станува. Комплексноста е најевидентна кога се илустрира преку едноставна призма.

1.1

5 прашања за 15 специфики, кои дополнително ќе ја зголемат љубопитноста да ја прочитате нејзината книга која гордо стои на пиедесталот на „Романијада“ на издавачката куќа Култура за 2015 година.

1. Едно најголемо книжевно влијание?

 – ,,Папата Јована” од Дона Вулфолк Крос. Ликот на Јована е мојот пример и идол од детството за тоа како човек може да успее дури и кога тоа се чини невозможно.

2. Две омилени карактеристики кај лик?

 – Храброст и лидерство.

3. Три книги што си ги прочитала повеќе од три пати?

– ,,Злосторство и казна“ од Достоевски, ,,Игрите на гладните” од Сузан Колинс и ,,Врати ми се” од Гијам Мисо.

4. Четири омилени зборови?

– Љубов, индивидуализам, слобода, современост.

5. Пет причини зошто да се прочита ,,Сети се, да ме заборавиш“ ?

  1. Напишана е за онаа личност која никогаш нема да ја заборавите.
  2. После ,,Сети се, да ме заборавиш” многу нечитачи ќе станат читачи.
  3. Помислата дека е досадно да се чита никогаш нема да помине низ вашата глава додека го читате.
  4. Пишуван е по современи стандарди, многу современ стил на пишување кој е популарен и баран во денешно време.
  5. Читајќи го ,,Сети се, да ме заборавиш” ќе имате чувство како да гледате филм, а не да читате книга.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCalzedonia: Костими за капење 2015
Следна објаваФилм: Ноќна потера
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ