Вториот ден од единаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое продолжи вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“ помина во знакот на младите домашни дизајнери и дизајнери од Србија и Косово. Модното случување започна со групната ревија на студентите од Факултетот за Арт и Дизајн при ЕУРМ : Даниела Савиќ, Андријана Јованова, Бранкица Тодорова, Саранда Садики, Едора Сулејмани, Есма Казим, Веранда Халили, Радмила Ѓеоргиева, Ана Камчева, Анастасија Чадо, Ивана Костадиноска, Марија Настеска и Ивана Николова. Професорите од ЕУРМ го презентираа проектот „Артерија-Антерија“ составен од изложби, инсталации и перформанс на проф. Јана Манева-Чупоска во кој беа вклучени пејачката Ребека, тв водителките Ирена Спировска и Снежана Богдановска- Јаначковска , кастинг директорката на Моден викенд Скопје Ирина Илиевска и манекенките од модната агенција „Подиум“.

Дизајнерите Алмир Мили со својата мини колекција наречена „Титуба“ и Ивана Цветковска со колекцијата „Street style“ и дадоа поддршка на кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата- сега!“ кон која се приклучи и Моден викенд Скопје. Косовската дизајнерка Флутура Дедиња по втор пат презентираше колекција пред македонската публика. Колекцијата е составена од 15 креации базирани на драпирање и експериментирање со агли од различни димензии, ефекти од ласерско сечење и кожни детали на различни материјали.

Ирина Тошева поддржана од My: Time ја прикажа колекцијата наречена „Енхалон“ за која вели дека е „составена од разиграни принтови и интересни кроеви , мек сензуален памук и сјаен штоф сатен кои ќе ја разбрануваат вашата фантазија“.

Вториот ревијален ден го затвори ревијата на српската дизајнерка Јована Марковиќ која ја претстави колекцијата за есен/зима 2015/2016. Вечерва се одржува последниот ден на единаесеттото издание на Моден викенд Скопје со ревиите на модните куќи „Менакон“ и „Hera Couture“ ,„ Linea Collection“, ФА-БУ, Дејан Тодоровиќ и Олгица Ѓоригева во соработка со Prima Danza

Погледнете го вториот ден на Моден викенд низ модниот објектив на Дивиан Артс!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп (6-12 април)
Следна објаваСакате париски стил во домот? Со следниве совети е можно!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ