Спремете се, пролета брзо ќе дојде, а со неа и новите модни трендови. Ние се потрудивме да издвоиме неколку клучни трендови. Мислиме дека сега е вистинското време, пред да започнете со купувањето во бутиците низ градот.

Каро дезенот

Карото и не e некоја новина во светот на трендовите. Го носевме и пред тоа, но овој пат, дизајнерите пронајдоа нов начин да го презентираат со флуидни рабови и линија која на моделите им дава една ретро нота. Од моделите што ги видовме, доминира црно-белиот каро дезен, како и оној со топла комбинација на мед, песок и ванила.
files

Суптилни седумдесетите

Секоја сезона, некоја од минатите декади мора да доминира. Минатите сезони, доминираа силуетите на педесетите и шеесетите, а оваа пролет ќе бидеме облечени во седумдесетите. Припремете се за фустани-туники од превртена кожа или велур, за микс од живи и позагасити бои, доминација на џинсот и игра на пропорции.
files (1)

Минималистички спортски изглед

За пробив на овој спортски тренд, најмногу заслуга има  дизајнерот Alexander Wang, така да по него тргнаа цела маса на дизајнери, кои за оваа пролетна сезона беа инспирирани со спортската гардероба.
Така да и вие, спремете се да носите спортски дуксер кој потсетува на дрес, комбилизон кој изгледа како тренерка, фустани во кои веднаш можете да замислите некоја тенисерка во патики, кои доминираат во светот на модните  додатоци.
files (2)

Превртена кожа во боја

Времето кога во лето носевме лесни и воздушести материјали, изгледа дека е зад нас, бидејќи верувале или не, кожата продолжува да биде тренд во предстојниве сезони. Единствено што е сменето е типот на материјалите, а тоа значи ке носиме превртена кожа. Среќа за нас, барем боите се пастелни и ведри со малку црвена и сенф жолта.
files (3)

Моќни рамена

На лето се спремате да носите фустани, маици и блузи со голи рамена. Тоа посебно се однесува на фустаните кои со овој детал беа видени и забелескаа на пистите во Њу Јорк, Лондон и Милано. Беше откриено само едно рамо, понекаде и две, па сме убедени дека овој детал ќе ја обелжи летната сезона.
files (4)

Горно здолниште

Горното здолниште беше еден од клучните начини на стилизирање кое го видовме на пролетните ревии. Donna Karan i Peter Som, предводеа во оваа игра, облекувајќи ги своите модели во дупли здолништа, но и во комбинации на здолниште+кожни панатлони+широки ленени пантолони+фустани……давајќи му на здолништето сосема нова функција. Самото здолниште имаше неколку трансформации, од мини со асиметрични панели до фалти, високи шлицеви и друго. Затоа, припремете се ова лето да го следите овој тренд и сигурно ќе бидете во ИН и со стил.
files (5)

 Моќните линии

Скоро да не можеме да замислиме ниедно лето без дезените со линии, а гледаме дека исто така се чувствуваат и дизајнерите кои секој сезона ги провлекуваат линиите, дури и минимално во вид на детал. Оваа сезона дизајнерите си играа со пропорциите и местото на аплицирање на истите.
files (6)

Модерен сафари изглед

Pre-fall колекциите, ни покажаа колку нијанси може да има беж бојата. Тогаш спремете се, на пролет да ја носите во повеќе од 50 нијанси беж бојата и тоа со транспарентни материјали кои ќе направат да изгледате нежно, но и разголено. Каки тренч фустани, пончо шалови, асиметрични фустани полни на собирање. Сафари изгледот е збогатен со нови кроеви, нова текстура и силуета.
files (7)

Крагни

Скоро сите пролетни модели имаат еден заеднички детал, а тоа е затворено деколте, односно кратка крагна која сите ги асоцираше на скромните модели во стилот на манастирските фустани. Патенти, копчиња, дрвени копчиња, прозирен материјал, свила,….се додека е закопчано, односно затворено деколте.

files (8)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФилм: Брзи и бесни 7
Следна објаваП.С. Те сакам – Сесилија Ахерн
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ