Што велат ѕвездите за претстојната седмица?

hor

Овен

Конечно спласнува тензијата и возбудата од минатата недела, па ве очекува мирен период. Ги правите последните чекори во процесот на промена на себе. Сте пронашле нов пат за вас кој ви дал нова перспектива на вредностите во животот. Конечно се чувствувате одлично.

Бик

Ви следи одличен развој на настаните. Ја имате контролата врз вашиот живот и се чувствувате стабилно и сигурно. Врските со пријателите ви се многу важни во моментов, иако сте свесни дека тоа бара и многу жртви. Помагајте им на најблиските колку што можете.

Близнаци

Неделата ќе ви започне мистериозно. Одличен период соновите и идеалите да ги остварите преку вашата кариера, но не очекувајте сè да оди како подмачкано бидејќи постојат идеолошки разлики со вашите колеги. Доколку ги согледате работите пореално, ви претстои голем успех.

Рак

Во моментов сте сконцентрирани на соништата и плановите за иднината. Имате многу креативни идеи и посебен тип на интуиција. Но, за да ги остварите плановите ќе мора другите да се обидат подобро да ве разберат што планирате. Истражете ги сите можности пред да донесете конечна одлука.

Лав

Во текот на оваа седмица ќе се чувствувате како работите да не се под контрола. Чувството на збунетост и несреденост може да доведе до проблеми во односите со другите, особено со семејството. Внимавајте какви проценки правите во однос на кариерата. Не секој совет е добронамерен.

Девица

Овој период ќе запознаете мистериозни луѓе кои се тешки за разбирање, но и ќе ја развиете вашата интуиција за да може полесно да ги откривате сигналите во односите со нив. Одличен период и за заеднички активности со партнерот. Уживајте во времето поминато со вашето семејство.

Вага

Оваа недела ве очекуваат драстични промени. Во позиција сте да дадете повеќе отколку што треба, без притоа да се чувствувате искористено. Ви претстојат дружења со динамични и забавни луѓе на кои секогаш можете да сметате. Во нивно друштво сте уште посилни и посамоуверени.

Скорпија

Ќе создадете нови пријателства и важни партнерства на работното место со луѓе со кои заемно се почитувате. Продолжувате да ја играте улогата на лидер меѓу колегите на работа. Викендот е одлично време да се погрижите за здравјето и да воведете нов режим на исхрана или вежби.

Стрелец

Иако ви следат возбудливи настани поврзани со некое патување или креативност, неделата ќе ви започне проблематично поради некое недоразбирање со некој близок. Веројатно сметате дека не сте разбрани онака како што треба. Сепак, оставете ги луѓето сами да проценат што е вистина, а што не. Не заборавајте да се забавувате за време на викендот.

Јарец

Ве очекуваат некои недоразбирања со луѓето од вашата околина, на работа или во семејството. Сметате дека другите околу вас не им обрнуваат доволно внимание на работите кои се важни. Вие сте гласот на разумот, но не очекувајте дека и другите ќе го делат вашето мислење. Во љубовта ве очекуваат убави вести и настани.

Водолија

Конечно ќе завршите некој долг процес кој сте го започнале одамна. Ова може да се однесува на образование, комуникација со другите или нешто што е од лично значење за вас. Ќе се чувствувате смирено и стабилно, а особено ќе уживате во друштво на семејството.

Риби

Се наоѓате во инспиративен период кога ви надоаѓаат различни идеи за иднината. Некои од нив наидуваат на скептичност кај останатите, па тоа ви предизвикува мали проблеми во остварувањето на плановите. Поволен период за да направите добар финансиски план за во иднина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | На крајот од светот
Следна објава5 светски модни трендови за пролет-лето 2015 година
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ