Секоја сезона, со себе носи нешто ново во модните колекции низ светот, додека пак некои други само ги ревитализираат старите и познати трендови. Оваа пролет и лето ќе се носат боите и кроевите на 70-тите, но и 60-тите се многу популарни.Сепак во секој од овие трендови има по нешто ново, свежо и ведро, за да се чувствуваме убаво.
За тие што сакаат да се облекуваат едноставно и монотоно,во една боја и без детаљи,ова ќе биде тешка година, доколку сакаат да останат во трендот.За сите останати кои сакаат да екпериментираат,играат со боите, кроевите и стиловитепд минатото, годинава би можела да биде вистинско *љубовно лето*.
1.Каки боја
Од како се појави прв пат пред 40 години, каки бојата, стана модна класик боја, оваа сезона се враќа на голема врата. Од каки кожни детаљи и парчуња за облекување до Chanel феминистичките кроеви или секси женствените облици во колкекцијата на  Ralph Lauren, во атмосфера на сафари гламур но и помалку со војнички изглед.
ralph-lauren
Ralph Lauren
2.Романтична тантела
Во колкекциите на  Valentinо, Chloé, Oscar de la Rentа и Louis Vuittona, доминираа убавите тантели и гола кожа. Овие колекции ја истакнуваа женственоста во нејзината класична форма,а за да се истакне уште повеќе раскошот и едноставноста на тантелата со фустаните се предлагаат римјанките како идеални за летото.
oscar-de-la-renta
Oscar de la Renta
3. Спортски шик
За пролет- лето 2015,се лансираше уште еден фантастичен моден тренд,кој всушност е комбинација на класичниот и спортски изглед.Таква инспирација имаа и  KenzoViktor & RolfPaco RabanneFayAmanda WakeleyPringle of Scotland, и JeanPierre Braganza,така да нивните колкекции освоија со спорскиот шик.
sportski-sik
4. Се на точки
Ако ја сакате геометријата, но и модата од 60-тите, тогаш со радост ќе го прифатите новиот тренд кој вели-точки од глава до пети. Иако .многу нема да се согласат, точките многу лесно може да ги комбинирате со многу други бои, но се зависи од тоа колку сте храбри за ексериментирање. Marc by Marc, Junya Watanabe, или Dolce & Gabbanna, покажаа на модната недела, колку играта со формите може да биде забавна.
tufne2015
5.Карирани материјали
Овој вид на карирани материјали го видовме најчесто на модните ревии како тренд за сезонта пролет-лето 2015. Дизајнерите (Michael KorsOscar de laRentaAltuzarraBotega VenetaKaren WalkerDian von Furstenberg, Ralph Lauren) се одлучија за елегантната црно- бела комбинација,како и пастелните нијанси конбинирани со ретро кроеви.
kockice-moda (1)
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп (16-22 март)
Следна објаваКонкурс за најдобра книжевна маска!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ