Модната кука Maison Martin Margiela, во својата нова колекција ги спои елеганцијата со спортскиот, лежерен стил.
Меѓу креaциите, се забележува борбата на две посебности, екстровертност и интровертност, ноќна птица и раноутринско изгрејсонце. Таа спротивставеност, се покажа на модната писта каде што широките пантолони и свилените шалови се среќаваат со проѕирните фустани, монистри. асиметрични здолништа и кратки топови. Асиметријата е главен мотив во новата колекција, каде се сретнуваме со косо кроени здолништа, но и  кошули и фустани ткаени од разни материјали кои некаде прават пачворк, кој како да е направен во домашните работилници.
Секако, како и секогаш кај Margiela, присутна е еклектичност и минималистичкиот израз кои се сретнуваат во мотивите на соврешено скроените одела и комбинезони.

Margiela RS15 3414 Margiela RS15 3431 Margiela RS15 3440

На нозете, видовме различни удобни санадали кои придонесуваат релаксирана нота, без разлика на елеганцијата на некои модели.
Тесни црни пантолони се комбинираат со долги кошули, блејзери и блузи, додека широките пантолони со тесни полувери од мохер волна кои на прв поглед се доста комотни. Боите се воздржани: црна, сива, бела, бела и теракота, кои ја прават оваа колкеција носива во секојдневниот живот.

Margiela RS15 3457 Margiela RS15 3472

Margiela RS15 3518 Margiela RS15 3527 Margiela RS15 3563 Margiela RS15 3612 Margiela RS15 3629 Margiela RS15 3636 Margiela RS15 3678 Margiela RS15 3718 Margiela RS15 3737 Margiela RS15 3756 Margiela RS15 3767 Margiela RS15 3779 Margiela RS15 3790

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОтворање на ревијалната „Годишна изложба“ на ДЛУМ
Следна објаваМедот во светот на убавината
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ