Еве што ве очекува оваа недела според астрологијата.

naslovna

Овен

Овој период ќе доминираат емоциите и ќе се почувствувате збунет во која насока да продолжите. Ослободете се од емотивните блокади и направете место за нови, хармонични доживувања. Можеби ќе ја запознаете вашата сродна душа на тој пат.

Бик

На почетокот на неделата ќе се чувствувате ранливо поради некое пријателство со кое мора да раскрстите еднаш засекогаш. Од друга страна, конечно ќе ги покажете вашите добри особини: љубезност и пожртвуваност кон останатите. Во љубовта сè уште не се знае како ќе продолжат работите.

Близнаци

Конечно ќе заврши еден долг период во кој сте собирале многу информации. Сега веќе сте го стекнале потребното знаење и можете да напредувате. Пожелно би било да остварите контакт со некој кој е стручен во областа во која работите и да добиете важни совети. Можно е кратко патување.

Рак

Оваа недела е исклучително важна кога станува збор за кариерата. Добро е да направите финансиски план за иднината, но претходно гледајте да си ги подмирите долговите од минатото. На работа, поставете правила за однесување со колегите и клиентите за да направите поубава работна атмосфера.

Лав

Време на отворање нови хоризонти преку луѓе кои ги познавате, на приватен и професионален план. Една од тие личности ќе ве врати во минатото на чуден начин. Подобрете ја комуникацијата со најблиските- со тоа ќе поставите цврст темел за понатаму. На љубовно поле обидете се да ги гледате работите малку поразумно.

Девица

Полека привршува некој проект на работа или пак, некој план во семејството конечно ќе се оствари. Се обидувате да научите подобро да планирате и подобро да ги согледувате фактите. Пожелно е да посветите внимание на здравјето и физичките вежби, но не очекувајте брзи резултати.

Вага

Моментално сте сконцентрирани на практичната страна на животот, како на приватен, така и на професионален план. Отстранете сè што е негативно- негативни луѓе и негативни навики за здравјето и исхраната. Во љубовта, ќе размилсувате дали соновите ќе ви се остварат. Бидете трпеливи.

Скорпија

Оваа недела ќе се препуштите на креативност и романтика, но сè уште постојат некои неразрешени проблеми во вашиот живот.  Одличен период да истражите малку повеќе за семејното минато и да ја дознаете вистината за конечно да ги решите работите кои ви правеле забуни.

Стрелец

Се наоѓате во период кога работите добиваат нова перспектива. Ви се отвораат нови можности, и во љубовта, и во работата, и во пријателствата. Обично разумно ги гледате работите, направете рамнотежа помеѓу вашите желби и желбите другите. Понекогаш е добро да се побара совет од некој друг.

Јарец

Претстојнава недела ви следи еден необичен период. Максимално ќе се посветите на некој проект, сами или заедно со некој колега и тоа ќе вроди со плод од финансиски аспект. Иако ќе ги трошите времето и енергијата на работа, не заборавајте го домот и семејството, како и вашето здравје

Водолија

Ве очекува важен период кога ќе се најдете во процес на ментален развој и ќе правите долгорочни планови во работата и во семејството. Доколку сега ги поставите правилата, полесно ќе се одвиваат работите во иднина. Можно е да се врати нешто што сте мислеле дека му припаѓа на минатото.

Риби

Се обидувате да се држите до планот кој сте го зацртале во однос на работата и луѓето од кои зависите. Важно ви е да воспоставите цврсти врски со другите околу вас. На љубовен план ве очекува романтичен период, но внимавајте да не ве понесат емоциите. Вклучете го и разумот во донесување на важни одлуки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLouis Vuitton за мажи 2015
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (09.02 – 15.02)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР