Зимата е најстуденото годишно време, но идеална сезона да го покажете својот моден вкус, комбинирајќи ги изобилството од материјали, дезени и бои во вашата зимска гардероба. Доколку сте во потрага по идеи за топол и комфорен, а истовремено стилски изглед во екот на зимата, ви претставуваме неколку креативни предлози за таа намена – по терк на познатите дами од светот на модата, филмот и музиката. Тие се модни икони на денешницата и идоли на многу жени ширум светот, а во продолжение погледнете како изгледа нивниот избор за зимски стајлинг. Инспирирајте се и одберете ја омилената комбинација!