Новата година со себе носи и нови идеи и нови проекти, зар не? Доколку размислувате за купување или изработка на нова кујна, а не знаете од каде да почнете, тогаш оваа објава е токму за вас. Во продолжение ви претставуваме 27 најнови модерни кујни, со креативни дизајнерски предлози од најпознатите светски производители. Многу од нив го користат кујнскиот простор како замена за класична трпезарија, без оглед на тоа дали е кујнски остров, бар, или, пак, комплетна трпезариска маса за една до две особи, или можеби за семејни собирања. Денес, дури и најмалите кујни може да имаат некои од наведените решенија. Освен за јадење, вака конципираните кујни ги олеснуваат и некои други активности, како што е работата на компјутер, може да им послужат на децата за пишување на домашните задачи, или, пак, едноставно за дружење со семејството и пријателите. Сите до една се одлично дизајнирани, модерни и минималистички, па веруваме дека ќе ја пронајдете својата омилена. Инспирирајте се и одберете го вашиот фаворит!