001

Без добро здравје, нема да сме во можност да уживаме во животот во целост, дури и кога ги имаме сите други материјални нешта. Здравјето е најголемото богатство, а во негово отсуство никој не може да го зграби максимумот од животот. Редовните физички и ментални вежби се императив да ги задржите телото и умот во добра состојба. Сепак, она што е подеднакво важно е да останете позитивни и да се радувате. Во денешното турбулентно време, секако дека ова и не е толку лесна задача. За таа намена, потребно е да вложувате во вербата, во нешто во што навистина верувате. Ви ги претставуваме 10-те најпопуларни фенг шуи совети, кои ќе ви помогнат да ја внесете среќата во новата 2015 година.

1. Oслободете го домот од негативната енергија

Фенг шуи експертите укажуваат на важноста од чистење на домот во очи на новата година. Под претпоставка дека не можете да го исчистите целиот дом, доволно е да се потрудите барем комплетно да ја исчистите вашата кујна – што означува (1) благосостојба, (2) задоволство и (3) среќа – трите најважни благослови кои ви се се потребни не само за новата година, туку и за сите останати години од вашиот живот. Практично, добар фенг шуи за новата година подразбира потполно чист дом, како одвнатре, така и однадвор. Бидете подготвени да ги дочекате сите нови нешта и да ги прославите сите престојни настани. Мора да сте свесни за енергијата која постои во домот, а во случај да не сте задоволни од настаните кои се одвиваат во вашиот живот, морате да започнете со создавање, или, пак, доведување на позитивната енергија во својот дом.

002

2. Поместете 27 предмети со намера да внесете среќа

Според фенг шуи експертите, треба да поместите точно 27 предмети во и околу домот, со намера да внесете среќа во новата година. Ова ќе ги зголеми вашите шанси да ја привлечете среќата од сите можни правци. Можеби ќе помислите дека поместувањето 27 предмети е здодевна активност, но сепак – обидете се. Поместете ги оние нешта кои се лесно подвижни и изменете им ја првобитната положба: кутиите за шеќер, распоредот на полиците, вазните, декорациите и сл.

003

3. Купете црвен паричник

Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примите ново богатство при влезот во новата година (како материјално, така и духовно), а црвената боја ќе помогне да привлечете добри вибрации. Искористете ја и магичната моќ на ѓумбирот, поставувајќи го во внатрешноста или надвор од преградите во паричникот, особено каде што ги чувате хартиените пари. Ѓумбирот е стимуланс, па ќе привлече нови извори на приход за вас.

004

4. Изговарајте важни зборови во новата година

Во првите денови од новата година подгответе кус говор, или, пак, зборови кои ќе можете да ги изговорите кога се среќавате со луѓето или ги поздравувате. Имајте предвид да говорите зборови кои ќе ви донесат здравје, среќа и успех вам и на вашето семејство. По тој повод можете да се послужите со следните зборови: ,,Ви посакувам здравје, среќа и успех!’’. Посетете ги своите блиски роднини или пријатели, не заборавајќи да ги поздравите со горенаведените зборови од длабочината на вашето срце.

005

5. Одличен звук

Искористете ја моќта на звукот, и својата омилена музика или песна засилете ја до највисокото можно ниво. Верувајте дека посилниот звук ќе ги исплаши лошите влијанија. Направете го тоа, барем на неколку минути – во ред е. Можеби соседите ќе се пожалат, но ова е за ваше добро.

006

6. Пронајдете љубов во новата година

Самци сте и трагате по љубовта на својот живот? За да ја зголемите својата среќа и можностите да ја пронајдете вистинската љубов, потребно е да се обидете да апсорбирате повеќе западна енергија. За таа намена, набљудувајте го залезот на сонцето најмалку три пати неделно. Исполнете го срцето со надеж и умот со позитивна енергија, а наскоро можеби ќе ја привлечете љубовта во вашиот живот.

007

7. Девет портокали во чинија

Портокалите носат позитивна животна енергија. На почетокот од јануари, наполнете чинија со вкупно 9 портокали и поставете ги во вашата кујна, на кујнскиот остров, или, пак, на трпезариската маса. На тој начин ќе ја привлечете позитивната енергија во вашата кујна, но и домот во целина.

008

8. Пронајдете нова работа

Доколку се вбројувате во оние кои се во потрага по нова работа, не одложувајте повеќе, туку веднаш соберете 27 предмети кои воопшто не ги употребувате, а потоа подарете ги или продајте ги некому. Ова ќе ослободи простор во вашиот дом за да привлечете нови нешта во животот.

009

9. Наполнете кутија со шеќер

Појдете до вашата кујна, земете шеќер, и наполнете го садот со шеќер до врвот. Тоа ќе ви овозможи да уживате во среќата во текот на сите месеци кои следуваат од новата година.

010

10. Соберете ја негативната енергија

Ако сакате да ги подобрите односите со вашиот брачен партнер, членовите на семејството, роднините, пријателите и колегите на работа, тогаш направете ја оваа едноставна задача. Земете морска сол и посипете ја околу внатрешните рабови на вашиот дом. Дозволете морската сол да отстои преку ноќта, а утредента соберете ја и фрлете ја.

011

Ви посакуваме многу среќа, здравје и успех во Новата година!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобриот парфем според хороскопскиот знак
Следна објаваЕдноставен план за детоксикација на организмот
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ