Подгответе се за уште една остра зима со геометрија во силни бои…

Моника

Десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои. Фотосесијата за новиот имиџ означи старт на подготовките за претстојната сезона есен/зима ‘14/’15 чие заштитно лице е моделот Моника Алексовска која беше прогласена за најдобра манекенка на годинешното априлско издание на Моден викенд Скопје.

Визуелната порака на сезоната содржи елементи од колорните контрасти на оптичката уметност и заводливата мода од 60-тите години на минатиот век. Графичкиот минимализам и сензуалноста претставени преку дигитални цветови кои беа застапени минатата сезона овој пат се преточени во поедноставен облик.

Моника Алексовска

Шурбевски&Моника 2

„Оваа есен/зима ќе ја одбележи безвременскиот, класичен изглед со нагласени очи, црн туш , истакнати трепки и сензуални усни. Вистински редизајниран „Твиги стил“.“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката во соработка со AVON кој е и официјален мејкап – партнер на десеттото издание на Моден викенд Скопје.

За трендовите во однос на фризурата , користејќи ги производите на LAKME познатиот стилист Бубе од фризерското студио Бубе Студио Ин вели : „Строгите линии кои ќе бидат апсолутен тренд следната сезона на изгледот му даваат моќност и безвременска женственост.“

Креацијата во која е облечена Алексовска ја потпишува Виктор Цветановски кој се претстави со капсулна колекција на априлското издание на Моден викенд Скопје.

Моника & Бубе

Шурбевски&Моника 2
ТИМОТ ЗАДОЛЖЕН ЗА ИМИЏОТ

– Продуцент: Светлана Богова Јовановска
– Концепт&дизајн: Анита Гај
– Фотографија: Ани и Дими
– Видео: Марина Трајковска
– Шминка: Официјален партнер за шминка и убавина AVON во соработка со Зоран Шурбевски
– Фризура : Брендот LAKME во соработка со фризерско студио Бубе Студио Ин
– Модел : Моника Алексовска (модна агенција Подиум)
– Кастинг директор: Ирина Илиевска
– Стајлинг: Виктор Цветановски

 

Divianarts.com е член на медумските партнери на FWSK 2014

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Игра со брановите
Следна објаваСтрип посветен на Робин Вилијамс
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ