0001Звучниците можат да бидат многу класични, но и тотално откачени – во категоријата ,,луди, но неодоливи” ги препознавме овие звучници чиј дизајн освојува на прв поглед. Станува збор за ,,Berlin Boombox“, картонските звучници од берлинскиот дизајнер Axel Pfaender, кои со својот ретро изглед носталгично навраќаат во забавните ’80-ти.

0002

Достапни се во стандардна кафена и бела боја, а моментално во продажба се и специјалната линија во летни бои и онаа во соработка со Adidas, но тие модели се нешто поскапи. Најдобриот модел е секако ,,голиот” Boombox, кој доаѓа во пакет со боици, па можете самите да го дизајнирате.

0003

Boombox звучникот е наоружан со најнова технологија, изработен е од рециклиран картон кој може повторно да се обновува, има неверојатен звук (појачувач 2 × 5 вати), приклучок и за iOS и за Android моделите на паметни телефони (како и различните MP3 плеери), а меѓу другото, се продава по пристапна цена од 65 евра.

0004

Уште една интересен податок е дека Boombox-от пристигнува со прирачник за составување, па морате самите да го сложите. Но, не грижете се, многу е едноставно.

Производот целосно се произведува во Германија, аудио опремата е од Mivoc од Solingen и важен дел – доколку картонскиот дел ви се оштети, секогаш можете да нарачате нов за 17 евра.

0005

0006 000700080009 0010

0015

0012

0013

0014

0011

0016

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспирација во 35 метри квадратни
Следна објава,,Сталинград” го отвора 17. Скопски филмски фестивал
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ