01Неговата креација е чоколадно јајце кое тежи 50 килограми, комплетно е изработено од млечна чоколада, а украсено е со панорамски приказ на градот Њујорк. На мајсторот за ,,чоколадни дела” му биле потребни 10 дена да го изработи ова слатко чудо од јајце.

02

Вкусното ремек – дело е со висина од 80 центиметри, и мора да биде чувано во просторија со температура под 20 Целзиусови степени. На ,,Господин Чоколада”, идејата за создавање на џиновското јајце му дошла на ум кога луѓето од организацијата на ,,Big Egg Hunt” му понудиле да учествува на традиционалниот годишен настан, познат како ,,лов на јајца”. По неговите зборови, морал да ја прифати пондата, бидејќи никогаш не ги одбива новите предизвици.

03

Така, гигантското јајце беше дел од манифестацијата ,,Faberge Big Egg Hunt”, која е од хуманитарен карактер, а се одржува секоја година во Њујорк.

04

Овојпат, беа претставени околу 200 уметнички изработки на тема велигденско јајце, а по завршувањето на манифестацијата истите ќе бидат ставени на аукциска продажба.

05

Засега, јајцето кое достигнало најголема цена е она на чоколатиерот Вилијам Карли, продадено за 11.720 долари во 2012 година. По сe’ изгледа, овој господин сега има сериозна конкуренција.

06

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Љубовни „страшила“
Следна објаваДвижење низ Њујорк
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ