Ви откриваме кога ќе излезе четвртата сезона од серијата Емили во Париз

Серијата Емили во Париз ја сакаат жените ширум светот. Љубовните врски и возбудливите ситуации на главната протагонистка во серијата, Емили, се случуваат во прекрасниот Париз, што серијата ја прави добитна комбинација.

Она што сè уште го сакаме во оваа серија се одличните модни комбинации кои ги носи Емили, а Нетфликс потврди дека повторно ќе ги гледаме Емили и нејзиниот беспрекорен моден вкус кога ќе излезе четвртата сезона на Емили во Париз.

Иако не е познат точниот датум кога серијата ќе се најде на Нетфликс, снимањето на серијата во Франција веќе започна, па не би требало премногу да чекаме за новото продолжение. Фановите на оваа серија веруваат дека четвртата сезона ќе се емитува на Нетфликс пред крајот на годината.

Бидејќи третата сезона заврши многу тензично, едвај чекаме да го видиме развојот на настаните, нови заплети, романтичниот Париз и врвни модни комбинации.

СПОДЕЛИ
Претходна објава📗 Промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска – Анѓелков
Следна објава,,Мајчинство“ – Изложба по повод празникот на жената во Чифте амам
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ