Легендарната француска модна куќа Шанел ја одржа својата годишна ревија “Métiers d’Art” во Музејот Митрополитен во Њујорк.

И додека многу модни експерти лицитираа што тоа Лагерфелд и неговиот тим овој пат ќе покажат, тој пред неколку дена откри дека бил инспириран од сторогипетскиот храм Дендур, чии што комплетни остатоци се изложени во њујоршкиот Митрополитен музеј од 1978 година.

Еден од најпознатите и најатрактивните експонати на овој музеј, но секако и единствениот староегипетски храм кој бил целосно пренесен во САД е храмот Дендур кој првично бил изграден 15. години п.н.е.

Храмот е спасен за време на шеесеттите години кога УНЕСКО одлучи да ги “пресели”  споменици на античката Нубиа, инаку тие би биле поплавени по пополнувањето на браната на Нил.

Колекцијата е дефинитивно во знак на златна боја обожавана од египетски фараони, со голем накит, пирамидалени облици …

Исто така, Лагерфелд вметна многу кроко кожа, златни кроко чизми и црни кожни панталони од истата текстура.

Се разбира, колекцијата исто така содржи делови инспирирани од класичните Шанел кодови, што значи многу твид со или без златни детали.

Chanel Pre-Fall Spring 2019
Chanel Pre-Fall Spring 2019
Chanel Pre-Fall Spring 2019
Chanel Pre-Fall Spring 2019

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолекцијата Dior Men-есен 2019 претставена во Токио!
Следна објаваИзложба на Танас Луловски Тане во Даут-пашиниот амам!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР