H&M не развесели со новата кампања за пролет-лето 2017. Така, оваа сезона Taylor Hill и Frederikke Sofie позираат во посебни парчиња кои со нетрпение чекаме да ги додадеме во својот гардеробер.
Пастелните нијанси се главен хит, а проsирните силуети изгледаат младешки и свежо. Од големиот број парчиња во колекцијата, тешко е да се одберат неколку посебни, но ние ви предлагаме да ги погледнете овие цветни везени фустани, кроп топовите од тантела и миди здолништата.
Погледнете го и видеото со кампањата