Мала дрвена куќичка од само 80 метри квадратни е се’ што му е потребно на семејство со дури девет членови среќно да ги минува летните денови, во пријатен амбиент и весела атмосфера. Страста кон Бразил и забавата која им ја нуди оваа топла земја, била повод за американскиот дизајнерски пар Bob и Cortney Novogratz да си создадат мало катче за уживање за себе и нивните седум деца. Летната куќа е сместена  во тропското место Trancoso, и слободата која ја имаат тука целосно се разликува од животот во урбаниот Менхетен. Нивните деца одат боси, се капат во топлото море и трчаат низ егзотичните патеки, додека тие се релаксираат и забавуваат во слободното време, сами или со нивните гости. Куќата е дрвена конструкција, инспирирана од традиционалните рибарски куќички, а во нејзината реализиција учествувал локален тандем архитекти. Уредена е рустично и романтично, со дрвен мебел и бели ткаенини, бамбус, нежни меки материјали и суптилни декорации, кои овозможуваат максимален комфор на престојот. Со неколку инспиративни решенија и рационално искористување на малата површина, обезбедена е комплетна функционалност, во која најубавиот украс се дефинитивно насмевките и радосниот џагор на нивните деца.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛавиринт од 250 000 книги
Следна објаваЕсенска елеганција од Oscar de la Renta
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ