По разиграниот моден настап на последниот Моден викенд, дизајнерката Ирина Тошева со својата креативна визија за пролетно будење на вилите, спакувано во нејзината последна фотосесија, за „Вила“ колекција – пред објективот на Андреј Аговски и илустрација на Марјан Димиќ, моделите Ками Спасова и Тамара Бојаџиска со фризури од Studio Allure, шминка на Виктор Мирчески и чевли од Chantel ни прикажа вистинска метаморфоза на бои, модели и инспирација во малите магични нешта.

„Инспирацијата те наоѓа сама. Вилиното коњче што ме посети ненадејно, ме натера да го следам и да трагам по неговите симболи за коишто сите сонуваме. Среќа, благосостојба, смелост, чистина во шаренило… Во оваа колекција тргнувам по патот на природата и нејзината мистика, користејќи памук и свила. Токму во удобноста на материјалите ги наоѓам сместени гласниците на соништата и илузиите на љубовната магија што ја носи сезоната пролет-лето. Преобразбата значи мода.“

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевна иницијатива | Unbound
Следна објаваMiu Miu | Rasoir очила за сонце
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР