Розовата е бојата на сезоната

Модниот месец е зад нас. Париз, Милано, Њујорк, Лондон се градови домаќини на месецот на модата. На улиците на овие градови, односно на модните ревии можевме да ги видиме најголемите актуелни трендови, но и најголемите трендови кои доаѓаат.

Дефинитивно еден од најголемите трендови е розовата боја, која доби нова популарност благодарение на брендот Valentino, кој неодамна одржа модна ревија на која беше во знакот на розовата боја.

Valentino розовата е најмодерната боја во моментов. Толку е популарна што постојано ја гледаме на инфлуенсерките на модните недели.

Некои ја сакаат оваа боја толку многу што се облечени од глава до пети во розови ткаенини.

Оваа боја ќе донесе малку радост во есенското сивило што е уште еден плус.

НЕМА КОМЕНТАРИ