Папучи со потпетици ги освоија модните инфлуенсерки …

Покрај рамните модели, во тренд се и папучи на високи потпетици на кои не можеа да им одолеат ниту популарните трендсетерки.

Шик, ефектни и пред се удобни, овие папучи убедливо ги окупираа првите редови на модната сцена, а на нивниот шарм не одолеа ни популарната Leonie Hanne, чиј стил е секогаш голема инспирација.

Трендовските модели на Zara доаѓаат во различни светли и основни бои, принтови, но и со детали како циркони.

Она што е добро кај овие папучи е нивната сестраност – се носат со речиси сите парчиња, од лелеави фустани до фармерки во служба на урбаниот streetstyle.

НЕМА КОМЕНТАРИ