Постојат одредени стилски клишеа кои се поврзани со секоја модна недела, па така  Лондон се смета за „еклектичен“, додека Парижанките имаат тенденција кон „безвременскиот“ стил. И покрај тоа што овие поими се засноваат на одредена вистина, тие секако не ја покажуваат целата слика. Уличниот стил како феномен секако многу еволуираше од својот почеток,а со текот на времето влијаеше на динамиката на самата индустрија и воведе различни перспективи – на пример, веќе не постои пристап „една големина за сите“.

Уличниот стил оваа сезона во Милано совршено зборува за јасната различност која  љубителите на модата ја демонстрираат со личен пример на Модната недела: минималистички кроеви, графички риги, предизвикувачки платформи, уметнички изрази… тоа е вистинско модно сафари.

Нема сомнеж дека секоја гостинка во Милано ја презентираше својата лична естетика, но 6 стила особено се провлекуваа низ комбинациите на облека кај најдобро облечените. Затоа, доколку сè уште не сте го дефинирале целосно вашиот пролетен изглед, посетете ја нашата галерија за повеќе инспирација.

ДОПИР НА РОЗЕВА БОЈА

ЕЛЕК (НАМЕСТО БЛУЗА)

ОБЛЕКУВАЊЕ ВО ТОН

ГОЛЕМИ БЛЕЈЗЕРИ

ПРУГИ ВО СИТЕ НИЈАНСИ

ПЛАТФОРМИ

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСè што треба да знаете за новата колекција на Версаче есен/зима 2022 година!
Следна објаваТренч мантил: Модерни дизајни кои сите жени со стил ги сакаат
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ