Стилски модели за акценти во боја!

Светлите бои ќе продолжат да владеат и во новата сезона – тоа го потврдуваат модните ревии и стилистите на ѕвездите од уличниот стил на Модните недели. На овој тренд на смели бои од осумдесетите години на минатиот век, не одолеаја ниту скандинавските трендсетерки, кои сме навикнати да ги гледаме во лаконски комбинации на облека. Девојките носат неонски бои во форма на акценти, а понекогаш и во форма на монохроматски стајлинг.

Заедно со зелената, која не ја губи својата позиција неколку сезони по ред, следната пролет на врвот на популарноста ќе биде портокаловата.

Се чини дека во новата сезона ниту една модна ревија не може без портокаловата – моделите во оваа сочна нијанса се претставени во колекциите на култни модни куќи и луксузни брендови. Дизајнерите и креативните директори предлагаат да се комбинираат различни нијанси на портокалова една со друга, со контрастни светли бои, па дури и да се носат монохроматски, како моделите на ревиите на Dior, Prada и Versace. 

Оваа сочна боја не ја заобиколија ниту познатите – Дуа Липа неодамна ја призна љубовта кон портокаловата, појавувајќи се во предимензионирана јакна во боја на морков, а Кендал Џенер за прошетката избра портокалов џемпер преку рамо.

Секако, најлесниот и најбезбедниот начин да носите портокалова боја е да изберете чанта или кој било друг додаток во боја на зрел портокал. 

СПОДЕЛИ
Претходна објава8 начини како да носите ланчиња со златни синџири во сите прилики
Следна објаваStreet style: Најубавите изданија од Њујоршката модна недела
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ