Кога зборуваме за стилска есен, сè се врти околу класиката – совршени фармерки, добар пар чизми, капут и трикотажа. Секоја комбинација од овие парчиња облека ќе го направи вашиот стајлинг беспрекорен.

За да создадете една модерна есенска комбинација, треба да имате на ум само една работа: пропорции. Како да направите трикотажата да биде од полесен материјал? Додадете зимски чизми. Како да избегнете безоблична силуета кога ќе облечете предимензиониран џемпер? Комбинирајте со тесни фармерки. Како да носите чизми до колена без да изгледате премногу wa-wa-woom? Спојте ги со миди фустан.

На крајот на краиштата, модата, како и сè друго во животот, е најдобра кога е во рамнотежа. Во нашата галерија ви даваме 6 стилски идеи за есенски аутфити од глава до пети.

СТИЛ ЗА КАНЦЕЛАРИЈА – Блејзер + џемпер + класични фармерки + високи потпетици = добитна комбинација

СТИЛ ЗА ЛЕЖЕРЕН СОСТАНОК – Плетен фустан со рамен крој + блејзер + чизми = добитна комбинација

СТИЛ ЗА ПОПЛАДНЕВНА СРЕДБА – Топ + пантолони со широки ногавици и висок струк + тренч мантил = добитна комбинација

СТИЛ ЗА НАДВОР ОД ГРАДОТ – Мек голем џемпер + фармерки + рамни чевли = добитна комбинација

СТИЛ ЗА ВИКЕНД – Ролка + панталони со рамен крој + макси капут = добитна комбинација

СТИЛ ЗА ВЕЧЕРНО ИЗЛАГАЊЕ – Кожно здолниште + чорапи со принт + бунда = добитна комбинација

Кога станува збор за модните трендови, правилата се прилично едноставни – покажете што можете да направите! Oдважни бои кои привлекуваат внимание, принтови кои го следат вашето расположение, комбинацијата од различни стилови и кроеви ќе покажат дека оваа, а се надеваме и секоја наредна сезона, сте сериозни во однос на изразувањето на вашиот стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да се заштитите од загадениот воздух?
Следна објаваНајубави модели со пепито дезен – оваа сезона исклучително популарен дезен
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ