Ако пребарувате во фидот на Инстаграм и ТикТок по цел ден, дефинитивно сте ги виделе новите гумени налани на Gucci.

Голем број од најпознатите инфлуенсерки ширум светот споделуваат слики и видеа од нивните нозе, со овие трендовски папучи. Изработени од гума, овие налани со ниски потпетици изгледаат како летна „хит“ папуча.

Кога ќе го погледнеме нивниот дизајн, не можеме а да не забележиме дека имаат носталгично и скоро разиграно расположение, бидејќи не потсетуваат на гумените сандали кои ги носевме кога бевме мали, но оваа нова модна верзија одговара на сите возрасти и се комбинира со женски фустани и и со секојдневна облека, како што се кошула и фармерки со висок струк.

 

Тие се достапни во различни бои, а наши фаворити се пастелно-розовата и црвената боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛакови за нокти кои ќе ја одбележат цела 2021 година!
Следна објаваЦрни хит фустани во летната гаредроба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ