Летото опасно ни се приближува. Пристигна сончевото време и високите температури. Слободно можеме да кажеме дека сезоната на одење на плажа може и официјално да започне.

Со оглед на убавото време, многумина ќе го искористат секој слободен момент за викенд патувања на планина, езеро или море.

Плажите се едни од омилените места за одмор за многумина, но вечна дилема е што да носат за на плажа?

За да одите на плажа потребни ви се удобни, водоотпорни, но и убави чевли. Покрај стандардните апостолки што ни се вечен фаворит за одење на плажа оваа сезона, ние носиме и сандали кои сите сме ги носеле како деца, а кои денес би ги носеле само оние кои се смели.

Што се однесува до апостолките, наши омилени се гумените, Havaianas. Можете да ги најдете во сите можни бои. Тие се удобни, класични, кул и навистина направени за одење на плажа.

Папучи, особено гумените, ги нема веќе подолго време, но беа хит во претходните неколку сезони за на плажа, но и воопшто за жешките летни денови. Наши омилени се оние од брендовите Adidas и Birkenstock.

Покрај овие класици, оваа година во мода се вратија платформите или дебелите ѓонови. Јапонки или влечки со дебел ѓон се хит на ова лето.

Zara

Освен апостолки и влечки со дебел ѓон, сандалите за кои многумина сметаат дека се многу модерни, повторно се во мода. Гумените сандали што сите ги носевме како деца судејќи според трендовите, се многу голем хит.

Zara

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеколку важни причини зошто да набавите бела чанта ова лето!
Следна објаваДали кимоното е новото летно палто?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ