Потребни ни се нови  Gucci очила – и тоа веднаш!

Gucci ни помага да се подготвиме за совршените топли денови со лансирање на својата нова statement колекција на очила за сонце …

Наречена Hollywood Forever, новата колекција се фокусира на очила украсени со кристали.

Инспирирани од гламурозниот стил на холивудските sвезди од педесеттите години, креативниот директор на брендот, Алесандро Микеле, ја дизајнираше новата колекција како спој на винтиџ естетиката и модернизмот во 2021 година.

Меѓу многуте стилови, се издвојува силуетата Cat-Eye, со геометриска рамка украсена со светкави кристали. Покрај тоа, геометриските рамки доаѓаат со стакло во облик на срце во живописна розова нијанса, додека класичниот дизајн Round-Frane доаѓа во пре-димензиониран формат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗдолништа со шлиц на страна – најмодерна летна опција!
Следна објаваЛеонардо ди Каприо донираше 43 милиони долари за реставрација на Галапагос
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ