Да, можеби не ви се допаѓаат на прв поглед. Можеби не и на втор, но ние ќе ви кажеме со сигурност дека откако ќе ги облечете, нема да се разделите со нив толку лесно.

Удобниве сандали со ремени кои потсетуваат на планинарски модели ги освоија и Инстаграм и креативните тимови на најголемите куќи, кои веќе им дадоа видно место во своите летни колекции.

Зошто ги избираме нив? Тие се практични, модерни и најпопуларни. Нашите омилени инфлуенсерки веќе ги носат комбинирајќи ги со пантолони, шорцеви и здолништа.

Најхрабрите девојки можат да експериментираат со додавање чорапи, како што тоа го прави шпанската блогерка Бланка Миро и навистина ни се допадна нејзината облека. На крајот на краиштата, ќе можете да носите сандали дури и во постудените месеци.

Памучна маица, вашите омилени фармерки со висок струк и некој украсен накит се доволни за да ве натераат да чекорите стилски ова лето во удобни сандали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВреме е за шопинг: 10 парчиња кои ќе ни требаат во мај и јуни!
Следна објаваC&A ja претстави новата колекција – темел на летото 2021 година е ленот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ