Пролетта е на прагот, а тоа значи повеќе бои во нашата гардероба …

Виолетова, во сите свои нијанси, од пастелно лила и лаванда до поинтензивни тонови, е една од најсмелите и најмодерни бои на сезоната.

Од облека до модни додатоци, виолетовата боја додава посебна нота на нашите дневни или вечерни комбинации на облека. Инфлуенсерките и sвездите на уличен стил ги обожаваат сите нијанси на виолетова боја и нивните профили се вистинска инспирација доколку не знаете како да ги комбинирате омилените парчиња облека.

Виолетовата нијанса е главниот моден тренд оваа сезона, а најдобриот начин да ги носите нијансите на јоргован е монохроматски изглед од глава до пети или облека која комбинира различни нијанси на виолетова боја. Можете исто така да се одлучите за контрастни нијанси како црвена, зелена или сина, со кои виолетовата боја оди совршено.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБезпрекорна привлечност во новата колекција на Шанел- есен/зима 2021!
Следна објаваНа снежните врвови: Колекцијата Miu Miu есен / зима 2021/2022!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ