Еден од настаните на Париската модна недела кој најмногу ни недостига се ревиите на Изабел Марант во живо …
Но, шармот на главниот бренд на француската буржоазија и колективната слика на Парижанката не исчезнуваат виртуелно. Списокот на желби од сезона во сезона сè уште е составен од моделите на Изабел Марант.
„Визија на минатото или проекција во иднината? – Ова прашање е на врвот на колекцијата на Изабел Марант за претстојната есен. И дизајнеротката ја рефлектира оваа двосмисленост во силуетите, боите и графиката. Народниот и слободен дух од шеесеттите години, музиката на Џими Хендрикс и Џенис Џоплин и периодот на субкултурата.
Психоделичните шарени цветни дезени се поставени на сина винилна ткаенина, додека каубојките се носат со преголема спортска облека украсена со крагни во бои. Тоа е волшебно патување низ стилови и епохи. Новата колекција ги слави занаетчиството и културното наследство преку будење сеќавања на топови и фустани, јакни од овчја кожа и големи ремени.
Како и секогаш, на ревиите се посветува многу внимание на музиката, саундтракот за оваа ревија беше Габер Елеганза – симбиоза на народни тонови и техно ритмови.