Поголемиот дел од 2020 година го поминавме во карантински „трендовски парчиња“, но, по се изгледа, некои од нив ќе бидат популарни и во 2021 година:

Тренерки

Дали има нешто поудобно од тренерки? Тренерките беа голем моден тренд во 2020 година, кој сигурно ќе продолжи и во 2021 година. Популарни се сите форми и кроеви на тренерки – памук, кашмир, широкi, тесni … Тренерките веќе не се резервирани само за домашното издание, но со палто и робусни чизми можат да бидат многу модерни.

Мокасини

Трендот на удобност се рефлектираше и во светот на чевлите. Убавите чевли со вртоглаво високи потпетици ги заменија подеднакво убавите, но и удобни мокасини со рамни ѓонови. Мокасините изгледаат одлично со фармерки, фустани, одела исто како и високите потпетици.

Фармерки

Фармерките се вечен тренд единственото нешто што се менува е нивниот крој. Непријатните и тесни фармерки познати како skinny jeans, ги заменија поудобните фармерки, додека предимензионираните, удобни, долги фармерки се најпопуларниот модел на сезоната.

Големи торби

Долгорочното владеење на малите торби го прекина 2020 -та година, со што беше најавено враќање на големите торби. Покрај малите убави, а посебено микро чантите, се издвојуваат по нивната непрактичност. Големите чанти се многу практични и функционални затоа што ги содржат сите потребни работи од секојдневието, затоа 2021 година ќе биде во знакот со големите торби.

Пастелни бои

Пастелните бои, посебно пастелно виолетова, односно нијанса на лаванда, се во мода веќе неколку години, но и во 2021 година тие ќе бидат во тренд. Освен пастелно виолетова, на модните писти преовладуваше пастелно зелената и пастелно жолтата боја. Пастелни бои можат да се видат на јакни, чанти, па дури и чевли.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБелите плетени џемпери додаваат доза на луксуз на вашата облека!
Следна објаваУбавината на традиционалните британски кроеви во колекцијата на Alexander McQueen
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ