По неговото деби за колекција пролет / лето 2021 година, Метју Вилијамс сега ја лансираше својата прва пред-есенска колекција за Живанши. Овој нов асортиман ни понуди парчиња кои совршено ја следат естетиката на овој моден генијалец.

„Ултимативно, со колекциите на Живанши се обидувам да го рефлектирам денешниот свет. Ги ценам експериментите со одредени материјали и интензивните контрасти во облеката, кои можат да се постигнат и да постојат само сега. Оваа облека не е за еднократна употреба, ниту е диктаторска.

Наместо тоа, ние сакаме да стане централен дел од чувството за стил на една личност, кое ќе се надоградува секоја сезона. Во прашање е идеја за личен луксуз, која содржи истовремена формалност и лежерност, конструкција и удобност. „Луксуз е која луѓето ја носат облека, а не облеката нив“, рече Вилијамс.

Продолжувајќи да работи со дизајнерски елементи пронајдени во неговата деби колекција, новата пред-есенска колекција 2021 година е комбинација на традиционални кроеви, плетени модели и кожни парчиња.

Придржувајќи се претежно на црно-белата палета на бои со повремени нијанси на црвена, розова, маслинова и кафена боја, асортиманот вклучува елегантни одела, комплетирани со минимални предни копчиња. Металната тема е придружена со облека и додатоци, што може да се забележат на слоевитиот прстен и чантите нагласени со сребрени ланци.

Овој пат, фокусот е ставен на обувките, понудени во форма на клопми и влечки, со нагласени шилци. Секој пар е создаден со употреба на нова техника TPU, фокусиран претежно на удобноста, додека малку повозвишените стилови, како што се чизмите, се изработени во лакирана кожа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВонвременска убавина на новите Louis Vuitton чанти модни додатоци!
Следна објаваМоделот Кендис Сванпул во заводливи костими за капење!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ