Во морето од нови трендови, но и некои стари кои се враќаат на модната сцена од сезона во сезона, има неколку парчиња и бои кои спаѓаат во групата на безвременски класици.

Можеме да се согласиме дека во овој случај, белата боја совршено одговара на описот. Причината е фактот дека станува збор за боја која е неодоливо лесна за комбинирање за разни прилики и секогаш изгледа подеднакво привлечно.

Белата боја крие нежност и кревкост, но и суптилност што ја прави секоја облека подобра. Добрата вест е дека белата боја одговара апсолутно на секоја сезона, а оваа пред нас е создадена за облекување во бело. Кога станува збор за модните парчиња, едноставните бели панталони ги комбинираме со шик блузи или џемпери без ракави, кои се едни од најголемите хитови оваа година. Исто така, покрај панталоните, неопходни се и класичните бели кошули или малку погламурозните блузи кои изгледаат прекрасно во малку поелегантни комбинации. И белите детали не се занемарливи, па затоа носиме бели патики, а овие месеци се особено популарни повисоките модели, кои и даваат на комбинацијата разиграна, донекаде момчешка модна „вибрација“.

Чантите, ремените или обетките се одличен избор за комбинации со впечатлива бела боја, а на вас е да ги прилагодите на вашиот стил и личност.

Со цел да ве инспирираме и охрабриме да играте со белата во вашите комбинации, подолу се дадени неколку одлични предлози за кои сме сигурни дека ќе ве инспирираат!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGucci – за денот на вљубените со нова колекција!
Следна објаваLupita Nyong’o е икона на стилот на новите генерации!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ