Карантинот несомнено направи корекција на потребите на потрошувачите…

Спортски тренерки, удобни дуксери, сите видови трикотажа и влечки со крзно, се на врвот на списоците како најрелевантните работи оваа сезона.

Заедно со трендот на удобните чевли и чизмите од од 2000-тите, се враќаат на модната арена. Пребарувањата за Ugg чизмите значително се зголемија од септември. Брендот исто така објави зголемена продажба и зголемен интерес од помладата генерација.

Прво, изолацијата ја убеди целата популација да се префрли на Crocs – делумно благодарение на соработката со Џастин Бибер, а сега чизмите на UGG се враќаат на дневен ред, иако со мала промена.

Сега култните чизми од 2000-тите се направени во скратена верзија.

Инфлуенсерите започнаа да купуваат удобни зимски чевли и да ги покажуваат своите стајлинзи на Инстаграм. Супермоделот Ирина Шајк доби класичен модел во карамел нијансаа, блогерката Каро Даур носи кафени чизми UGG, а Кјара Ферањи се одлучи за беж модел.

2020 година беше пресвртница во многу моменти. Можеби сега е најдобро време да се сетите на удобните чизми и повторно да се за вљубите во нив. Ве покануваме да бидете инспирирани од примерите на познати личности и подетално да ги разгледате удобните топли чизми од кожа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMaison Margiela накит : Овошје и зеленчук за есен/зима 2020!
Следна објава„Порасни ме, навади ме, погали ме” на Зорица Зафировска
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ