Заборавете на реалноста, дури и само на неколку минути …

„Мислам дека луѓето сакаат пауза од реалноста во моментов“, рече Ким Џоунс, креативниот директор на одделот „Dior Men“, а ние мора да се согласиме со него. Пандемијата на вирусот корона влијае на нашите животи скоро една година, затоа  славниот моден дизајнер реши да ја претстави својата нова модна ревија во Мајами, во соработка со Шон Стуси.

Кога ја создавал оваа колекција, Џоунс размислувал за различни периоди, враќајќи се на осумдесеттите години, каде го пронашол својот следен соработник Кени Шарф. Њујоршкиот уметник се прослави со своите цртежи и ликови во стилот на цртани филмови, па заедно создадоа асортиман на графики и дизајни за новата колекција. Новата линија не е наменета да биде сериозна, туку забавна, полна со енергија и возбуда, со цел веднаш да не пренесе во еден нов свет, барем на неколку минути.

Ким Џоунс дефинитивно го најде клучот за успешна соработка, продолжувајќи да создава магија со највозбудливите креативни умови во индустријата. „Секогаш ме интересира иднината“, рече славниот креативен директор, а и ние се надеваме заедно со него, дека таа е посветла од сегашноста.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршена викендица во норвешка шума со најубав поглед кон Хардангерфјорд!
Следна објаваMaison Margiela накит : Овошје и зеленчук за есен/зима 2020!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ