Кога ќе речеме Issey Miyake, првото нешто што ни доаѓа на ум е исклучителниот, интелигентен дизајн, кој не води до легендарните модни парчиња…

Сето горенаведено беше искористено кога иконската торба Bao Bao со потписот на овој бренд беше во процес на создавање. Таа потекнува од експериментите на дизајнерот со ткаенини и градежништво, каде што идејата за ригидни триаголници кои креираат случајни форми при движење навистина се оддржа.

Оригиналната Bao Bao Issey Miyake колекција на модни додатоци, беше лансирана во 2000 година, а денес го славиме неjзиниот прекрасен дваесетти роденден.

Новата серија содржи стилови како Lucent Frost нежна текстурна торба која е достапна во поатрактивни, живописни нијанси, Carton која е најмала од сите понудени, а може да се носи на повеќе начини, Crystal Mat која содржи комбинација од кожа и мат триаголни парчиња и конечно, Crunchy, која може да се носи преку рамото или како tote торбичка.

Сите парчиња од новата серија ја задржуваат специфичната естетика што ја карактеризираше првата од нив.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“The Heart of Europe” среде пустина!
Следна објаваПејсажите на Патагонија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ