Поради сегашната пандемија на коронавирус, дури и најголемите модни куќи ги откажаа презентациите на нивните колекции кои првично требаше да се одржат во мај оваа година. Сепак, една од најпознатите модни куќи – Chanel, на својата официјална страница на Инстаграм на 5 јуни објави дека нивната колекција Круз ќе ја види светлината на денот , што нè направи особено среќни.

Најновата колекција и оддава почит на медитеранската клима и е замислена како збирка едноставни, повеќенаменски парчиња облека кои се лесни за комбинирање, но и за трансформација; долгите здолништа веднаш стануваат фустани без ракави, а долгите црни шифонски палта можат да се носат секој ден или навечер со омилениот пар фармерки. Лесните, воздушни фустани како најудобни летни парчиња овозможуваат слободно движење и удобност, и ќе изгледаат исто толку убави и во секојдневни, дневни облеки, како и во вечерните летни комбинации.

СПОДЕЛИ
Претходна објава#Истражуваме #ЛетоBоМакедонија #Водопади
Следна објаваДивиан Артс анализа: Што не очекува во новата продавница на Guess во Скопје Сити Мол?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ