Официјално е отворена првата монобренд продавница Tommy Hilfiger во Skopje City Mall лоцирана на приземје!

Со својата 35-годишнина на хоризонтот, Tommy Hilfiger е во ретроспективно расположение.

За пролет/лето 2020 година, оригиналниот грб на брендот беше извезен голем, на класичните ленти и копчиња кои се ажурирани навреме за прославите, вклучувајќи ги и на белата и крем јакна.

Машка колекција Tommy Hilfiger

Култниот американски бренд Tommy Hilfiger, зачекори во пролет/лето сезона со нова, урбана колекција TommyXLewis создадена како резултат на соработката на американскиот моден магионичар Томи Хилфигер и Луис Хамилтон, шесткратниот светски шампион во Формула 1 и машкиот заштитен знак на Томи Хилфигер. Одржливите елементи се проникнуваат низ целата колекција, која го слави концептот на „стил за секого“, како и немање границите помеѓу полот, потеклото, возраста и обликот на телото.

Пролет/лето колекција за мажи TommyXLewis го спојува историското наследство на марката со естетската облека на улиците на Луис, славејќи го иконскиот дизајн како основа на класичен американски стил. Фокусот е ставен на дуксери и панталони во нови, инспиративни кроеви, како и неочекувани детали како што се дво-тонски материјал. Колекцијата е игра со воено-сини и зелени нијанси, со неутрални тонови. Кошулите и кежуал јакните, збогатени со смели неонски бои, се идеални за неформален, урбан изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦреши – богатство кое го нуди пролетта и летото
Следна објава#Истражуваме #ЛетоBоМакедонија #Водопади
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ