Доколку сте вистинска зависничка од убави чанти, тогаш никако не смеете да ја заобиколите новата колекција на Chanel. За пролетните и летните денови, француската модна куќа подготви дури 115 нови модели, што е речиси тројно повеќе од претходните сезонски понуди. Во колекцијата се опфатени мноштво различни стилови, а доминантна е дамската нота. Класичните модели ќе го задоволат вкусот на дамите кои го негуваат елегантниот стил, а ранците или чантичките во јаки бои, пак, ќе бидат омилени помеѓу помладата женска популација. Едно е сигурно – Chanel има адути за секоја пригода, од утро до вечер. Од галеријата во продолжение, погледнете го изборот на 24-те најубави парчиња и пронајдете го вашиот фаворит помеѓу нив.