be4107ba3210bed405c16f59acf620f0ОВЕН

Работа – Ве очекуваат поголеми обврски што ќе морате да ги одработите за кратко време, но без нервоза и со добар тим на соработници. Многумина ве критикуваат, но вие стоите цврсто на својата концепција со соработниците од доверба.

Љубов – Најдобро се чувствувате кога имате впечаток дека ги контролирате важните ситуации во приватниот живот, иако партнерот се почесто ве изненадува. За среќа, нема причина да се грижите.

Здравје –  Ја потикнувате кај себе подобрената концентрација и позитивното расположение.

БИК

Работа – Претерувате со деталите, но моментално ви се потребни практични решенија, потрудетете се да завршите се што сте започнале.

Љубов – Очекувате повик од личност која ви е посебно драга и со која лесно ќе се договорите за работа со странци, или ќе одите на заедничко патување.

Здравје – Слободното време, посветете го на психолошка релаксација.

Близнаци

Работа – Јасно ви е дека понекогаш за важните ситуации, не можете доволно да влијаете на деловните случувања. Размената на идеи и тимската работа, секогаш носат подобри резултати.

Љубов – Се обидувате да оставите впечаток дека се функционира беспрекорно, но длабоко во себе ги потиснувате некои стравови и грижи.

Здравје – Вашиот сон го одразува тоа што ве мачи.

РАК

Работа – Можни се расправии со колегите, посебно со еден Јарец или Овен, кои немаат доволно разбирање за вас.

Љубов – Се согласувате на емотивните компромиси кои партнерот ви ги предлага.

Здравје – Подобрете ја психо-физичката кондиција.

ЛАВ

Работа – Се обидувате да го убедите деловниот партнер, дека би требало да ја прифати вашата идеја во врска со патување во странство, макар и на кратко.

Љубов – На вашиот емотивен партнер, не му оставате доволно простор за слободен избор, но на среќа, делувате многу убедливо. Свесно го користите својот шарм и со права мерка.

Здравје – Продолжете со спортувањто.

ДЕВИЦА

Работа – Внимавајте добро на некои информации кои можат да ви го скратат патот до успехот. Имате големи очекувања, посебно кога е во прашање личност во знакот на Лав, со која успешно соработувате подолго време.

Љубов – Задоволството кое го чувствувате во нечија близина, може да ве исполни со позитивна енергија и да ги промени вашите субјективни граници.

Здравје – Одлично, полни сте со инспирација за подобро здравје.

ВАГА

Работа – Со желба да направите исклучителни деловни резултати, се согласувате на некоја импровизација. Понекогаш без поголем ризик нема успех или голем одек помеѓу соработниците.

Љубов – Партнерот го збунувате со емотивните контрасти во реакциите, честите промени во мислењата, како и променливото однесување.

Здравје – Позитивната средина, го потикнува вашето расположение.

ШКОРПИЈА

Работа – Интелектуалните способности ќе бидат пресудни во проценката за една добра деловна прилика која ќе ви биде понудена во следниов период.

Љубов – Ви се чини дека личноста која ја посакувате, нема доволно разбирање за вашите емотивни поптреби. Но, без разлика на се, обидете се да не тонете во меланхолично расположение.

Здравје – Важно е да акумулирате позитивна енергија и добар имунитет.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Вешто ги користите своите способности во различни ситуации и не отстапувате од деловните визии. Се додека имате јасна претстава за тоа што и колку сакате да направите, можете да се надевате на успех.

Љубов – Спремни сте да направите се за партнерот, но под услов никој да не ја загрозува вашата воспоставена доминација и интегритет.

Здравје – Се наоѓате во извонредна психо-физичка форма.

ЈАРЕЦ

Работа – Важно е да имате деловен план, но побитно е да ја сработите работата на начин кој ќе ви овозможи успех и добра заработувачка.

Љубов – Очекувате повеќе од тоа што партнерот може да ви даде.

Здравје – Најмногу што ви треба е релаксација.

ВОДОЛИЈА

Работа – Имате прилика да се смирите со личност во знакот Рак или Шкорпија, но по тоа прашање сте премногу своеглави. Чувствувате силна потреба да се сретенете со личноста, која силно ве заинтригира со идејата за нова работа.

Љубов – Лесно го менувате емотивниот интерес, што најмногу зависи од вашето расположение или личноста со која се гледате – наместо вешто да се прилагодите на тоа што другите го бараат.

Здравје – Намален имунитет, внесете повеќе витамини.

РИБИ

Работа – Потрудете се да направите се што е потребно за да го исполните моменталниот професионален и личен максимум, во различни насоки.

Љубов – Понекогаш императивно не отстапувате од своите емотивни намери, дури и во ситуација кога сите околу вас мислат поинаку.

Здравје – Во овој период е најважно да ги хармонизирате мислите и емоциите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографија | Златна есен во Романија
Следна објаваФлорални дезени за студените зимски денови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ