Широки, лелеави панталони….секако се идеален избор за лето, но дали се едноставни за комбинации, тоа е друго прашање. Ние мислиме дека се, но само доколку ги пратите едноставните совети и трикови за комбинациите и извлечете максимален ефект од овој тренд.

Погледнете ги овие неколку примери кои ќе ве инспирираат…

ВОВЛЕЧЕТЕ ЈА КОШУЛАТА ВО ПАНТОЛОНИ

Можеби ви звучи банално, но на овој начин е најлесно да се нагласи обликот на песочна фигура. Особено, ако пантолоните ви се во црна боја а одберете топ во посвет ла или контрасна варијанта и така го нагласите најтесниот дел на вашето тело.prva-7 (1)

КОРИСТЕТЕ ТОП ВО ОБЛИК НА КВАДРАТ

Ваков облик на краток и широк топ, кој престанува токму над пантолоните со висок струк. Нема да покажува премногу а и понатаму сте во тренд.

prva2-3 (1)

МОЖЕТЕ ДА ПРОБАЈТЕ СО ПОДОЛГИ….

Ова е малку потешка варијанта за девојките со пошироки колкови, но и за сите градби на тело кои се потенки во тој дело. Секако, земете подолг горен дел, кој паѓа над колената –  одлично изгледа оваа лелеава комбинација!

prva3-1 (1)

НОСЕТЕ САМО ЕДНА БОЈА

Најлесно е со монохроматскиот тренд – не морате многу да размислувате, a едноставен начин како инстантно да изгледате средени, елегантни и пред се со издолжена силуета.

prva4-1 (1)

ХРАБРО СО ПРИНТОВИТЕ

Ако се одлучите за овој тренд, тогаш бидете храбри до крај. Ова е совршена комбинација за викенд излагање на кафе. Било каков принт да изберете, ќе изгледа добро. А ние ви предлагаме да го смирите со обична, едноставна бела или црна маица.

prva6

ШИРОКИ ПАНТОЛОНИ НАМЕСТО ФУСТАН

Комбинезон со широки ногавици е одлична алтернатива на фустан, имајќи предвид дека однапред навистина изгледа како фустан. А треба ли да кажеме колку е забавен за носење?

prva8 (1)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа сите љубители на адреналинот, Tamburini T12 Massimo
Следна објаваМебел со врвен дизајн!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ